Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат пет натпревари кои се специјално избрани како божиќен спектакл за фановите и за кои Sport Life подготви одлична понуда со по 161 комбинација за секој натпревар.
Трите најинтересни меча се играат во европски термини, првиот е од 18 часот, вториот 20.30 часот, а третиот од 23 часот.
Божиќната програма започнува со дуелот меѓу Њујорк никс и Милвоки бакс. Овие два тима играа еден против друг пред два дена и тогаш убедливо славеше Милвоки со 130:111.
Милвоки, кој заедно со Бостон селтикс се главни фаворити за пласман во големото финале од Источната конференција, славеше на сите три меча кои се играа сезонава против Њујорк, а најнеизвесно беше на првиот дуел (110:105). Милвоки е голем фаворит за триумф вечерва и квотата изнесува 1.67.
Вториот дуел е на големо задоволство на НБА-фановите од регионот и тој меѓу шампионот Денвер нагетс и Голден Стејт вориорс. Ова исто така е дуел и меѓу најдобрите играчи на двата тима, кои воедно се и меѓу најдобрите на светот, Никола Јокиќ и Стеф Кари.
Вистинска божиќен спектакл претставува дуелот меѓу двете најтрофејни екипи, ЛА лејкерс и Бостон селтикс. И двата тима имаат по 17 освоени трофеи и се меѓу фаворитите да играат во плејофот. Бостон е тим со најдобар скор во Источната конференција, додека Лејкерси се деветти на Западот, но тим кој во своите редови го има Леброн Џејмс не смее да се потцени.
Во богатата понуда на Sport Life има и одлична понуда за една од најпопуларните игри за кошаркари, „плус-минус“ поени.