Божиќна честитка од Атлетико во вид на животна лекција за човечка емпатија! (Видео)

Православните од католичка вероисповет денеска го слават Божиќ, еден од најголемите верски празници. Токму поради овој празник, речиси никаде во Европа не се игра фудбал.

Голем број фудбалски клубови испратија честитки за празникот, а највпечатлива беше видеопораката упатена од Атлетико Мадрид и таа трае речиси три минути. Во фокусот е навивач на Атлетико Мадрид, кој е таксист и кој на сред улица затекнува постар човек, кој поради тоа што има деменцијата има проблем да се врати дома.

Таксистот решава да му помогне на постариот човек и да го одведе дома. Во меѓувреме таксистот започнува муабет, и тоа на тема фудбал. Постариот човек започнува да раскажува за Реал Мадрид и времето кога Алфредо ди Стефано доминирал на теренот.

Не сакајќи да му го расипе задоволството на постариот господин, таксистот го крие знамето со анблемот на Атлетико Мадрид и започнува да зборува за Реал Мадрид. На крајот, таксистот успеа да го одведе постариот човек кај своето семејство, а потоа го враќа и знамето на Атлетико Мадрид на местото на кое стоеше во автомобилот, а потоа доаѓа и пораката „Над Атлетико, постојат вредности кои Атлетико ги застапува“.

Вистинска порака во време кога многу често кај голем дел од луѓето недостасува емпатија. Едноставно, вреди да се изгледа видеото и пораката од Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести