Божиќно шоу на Робинсон, со тројки го урна рекордот во НБА (Видео)

Данкан Робинсон испука шест рафални тројки во првото полувреме и од вечерва е нов рекордер во НБА во натпреварите што се играат празнично во НБА, на 25. декември, за Божиќ.

Бекот на Мајами одигра импресивно прво полувреме за Мајами хит во победата од 111:95 против Њу Орлеанс и е нов рекордер во интересна категорија.

Мечот го заврши со 23 поени, од нив дури 21 со шут за три поени и беше најефикасен во редовите на ланскиот финалист во НБА лигата.

Одлично одиграа и Горан Драгиќ со 18 поени и 9 асистенции и Бем Адебајо со 17 поени кај победничкиот тим.

Најефикасен кај поразениот тим и на мечот беше Зајон Вилијамсон со 32 поени, а имаше и 14 скока, пред Брендон Инграм со 28 поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести