Кротоне ја совлада Пескара со 4-1 во меч од италијанската Серија Б, а средбата најдолго ќе ја памети искусниот бугарски фудбалер Валери Божинов, кој иако беше на клупата за резервни играчи, доби црвен картон и не го дочека своето деби за Пескара. Во 27-мата минута, ексиграчот на Јувентус, Манчестер сити и уште многу клубови го пцуел четвртиот судија и беше исклучен, па сега ќе добие суспензија барем од два натпревари.
Ова предизвика многу реакции во светот на фудбалот и на социјалните мрежи, па има и шеги на сметка на Божинката дека е единствен фудбалер на светот со повеќе црвени картони отколку одиграни мечеви или дадени голови, асистенции за еден клуб во кој членува.