Аталанта успеа да ги прегрми сите искушенија во жешкиот Неапол и го победи Наполи со 3:2 во извонредно дерби на 16. коло во Серија А.
Популарната Ла Деа заслужено ги носи бодовите во Бергамо и одигра храбро и квалитетно вечерва на „Диего Армандо Марадона“.
Гостите поведоа со голот на Руслан Малиновски, а потоа Елиф Елмас и соиграчите направија пресврт.
Македонскиот репрезентативец беше стартер и се радуваше на двата гола на Зјелински во првото полувреме и на Мертенс во вториот дел за предност на Наполи од 2:1, но на крајот Аталанта победи.
Мерих Демирал израмни на 2:2 со гол во 66. минута, а само 300 секунди подоцна триумф на гостите им донесе Ремо Фројлер.
Ова беше прв пораз на Наполи на домашен терен на последните 19 натпревари.
Аталанта е во импресивна серија од 10 меча без пораз, а сега е и кандидат за титулата во Серија А. Имаат 34 бода на четвртото место, а разликата во однос на лидерот Милан е само 4 бода. Интер е втор со 37 бода, пред Наполи со 36.