„Божјата рака“ повторно погледна од небото: Меси ја освои Златната топка на роденденот на Марадона

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Армандо Марадона, денес ќе го прославеше својот 63-ти роденден. Токму на овој ден, на роденденот на „Божјата рака“, неговиот сонародник Лионел Меси ја освои својата осма Златна топка.

Аргентинецот не го заборави својот сонародник и ја искористи приликата да му го честита роденденот на легендарниот фудбалер кој почина пред помалку од три години.

„Сакам да го спомнам Марадона уште еднаш. Среќен роденден, мислам дека нема подобро место од овде да му честитам, полно со играчи и оваа топка. Оваа Златна топка е и твоја, но и на цела Аргентина”, рече Лионел Меси на прогласувањето на најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести