Брадата „порасна“ до 20 илјади поени во НБА, за малку ќе го имаше најчудниот Квадрипл-дабл

Џејмс Харден постигна 32 поени во убедливата победа на Хјустон рокитс од 139:109, успеа да го постигне 20.000 поен во НБА лигата, а беше на прагот на најчудниот Квадрипл-дабл. Тоа е остварување на двоцифрен број во четири статистички категории, а на популарната Брада му фалеа само две асистенции.

https://twitter.com/NBA/status/1216134171686526978?s=20

Бекот на Хјустон забележа 32 поени, 12 скока, имаше и 8 асистенции и 11 загубени топки. Квардипл-дабл досега успеале да забележат само петорица кошаркари од сезоната 1973/74 кога во НБА почна да се води официјална статистика и за блокади и за украдени топки.

Нејт Тармонд – Чикаго Булс, 18. октомври 1974 година против Атланта хоукс. Учинок: 22 поени, 14 скока, 13 асистенции, 12 блокади.

Членот на куќата на славните во Спрингфилд е првиот кошаркар со Кавдрипл-дабл во историјата на НБА лигата. Почина во 2016 година, а го имаше прекарот Големиот (The Greate).

Алвин Робертсон – Сан Антонио спарс, 18 февруари 1986 против Феникс санс. Учинок: 20 поени, 11 скока, 10 асистенции, 10 украдени топки.

Претходната сезона Робертсон беше пригласен за најдобар дефанзивец во НБА лигата, а тоа го потврди со десетте украдени топки против Феникс, во за него историската ноќ на 18. февруари 1986 година.

Хаким Олајџувон – Хјустон рокитс, 29. март 1990 година против Милвоки бакс. Учинок: 18 поени, 16 скока, 10 асистенции и 11 блокади.

Легендата на Ракетите неполн месец претходно стаса на само една асистенција до Квадрипл-дабл против Голден стејт вориорс. Со прегледување на снимката беше утврдено дека имал уште едно додавање за кош кон соиграчите, но официјално беше запишано дека има само 9 асистенции.

Само 26 дена подоцна Хаким стаса до легендарното остварување против Милвоки бакс.

Дејвид Робинсон – Сан Антонио спарс, 17. февруари 1994 година против Детроит пистонс. Учинок: 34 поени, 10 скока, 10 асистенции и 10 блокади.

Адмиралот блескаше против еден од најдобрите дефанзивни тимови во тој период во НБА лигата и оствари легендарен учинок, со што само Сан Антонио има двајца кошаркари, кои успеале да забележат квадрипл-дабл во најсилната кошаркарска лига на светот. Интересно е што тренерот Џон Лукас не беше задоволен комплетно од играта на Робинсон и го извади од игра на пет минути до крајот на мечот. Забелешката за Робинсон беше дека промашил 7 слободни фрлања.

Блејк Грифин – Детроит постонс, 17. декември 2018 година против Милвоки бакс. Учинок: 19 поени, 10 скока, 11 асистенции и 10 загубени топки.

Еден од најдобрите и најатрактивни забивачи во НБА лигата го оствари тоа што ноќеска не му успеа на Харден. Грифин го има уникатниот и најнепосакуван квадрипл-дабл во комбинација со загубени топки, што е негативен ефект. Блејк е единствениот од петмината јунаци со 4Х2 во кариерата што во едната стистичка категорија има и двоцифрен број на загубени топки.

 

- Оглас -

Најнови вести