Брахим Дијас му ја „затна устата“ на Диего Симеоне (Видео)

Реал Мадрид со 2:1 славеше над Атлетико во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, а еден од хероите е Брахим Дијас. Фудбалерот кој е во сенка на големите ѕвезди Мбапе, Винисиус, Белингам, Модриќ… покажа дека е многу значаен во играта на Кралскиот клуб и го постигна голот за триумф на актуелниот европски и шпански првак.

Овој погодок на Брахим воопшто не е случаен затоа што тој се наоѓа во одлична форма и беше прогласен за најдобар играч на Реал за претходниот месец. Интересно е дека по постигнувањето на погодокот, Дијас прво се израдува со навивачите, потоа со соиграчите и тренерот Карло Анчелоти, а потоа реши да го „поздрави“ и противничкиот стратег Диего Симеоне.

Камерите го забележаа моментот кога Дијас почна да му вика на Симеоне: „Зборувај сега, зборувај сега. Вчера зборуваше, ајде зборувај и сега“, беше пораката од фудбалерот на Реал до тренерот на Атлетико.

Ваквата реакција на Дијас е поради тоа што Симеоне го направи еден ден пред мечот. Тренерот на Атлетико зборуваше за тоа што очекува од Реал и како може да биде поставеноста на противникот, па за играчи во средината од теренот, Симеоне потенцираше дека не очекува Дијас да игра.

„Мислам дека во средниот ред Реал ќе започне со Камавинга и Модриќ. Не верувам дека ќе игра Брахим Дијас“, рече Симеоне и очигледно згреши. Дијас заигра од првата минута и го даде голот за победа на Реал, а потоа „го поздрави Симеоне“.

- Оглас -

Најнови вести