Брахим Дијас ќе потпише нов договор со Реал Мадрид. Иако не е редовен стартер, Мароканецот е важен дел од тимот и ужива големо доверба кај Чаби Алонсо и претседателот Флорентино Перес.
Клубот од Мадрид одлучи да му понуди нов договор до 2030 година, а сега останува само формалното официјализирање кое ќе се случи откако фудбалерот ќе се врати од Африканскиот куп на нации.
Дијас пристигна во Реал од Манчестер сити во јануари 2019 година за 17 милиони евра, но поради потребата за натпреварувачко искуство, беше позајмен во Милан. На „Сан Сиро“ настапуваше од 2020 до 2023 година, по што се врати во Мадрид.
Во досегашниот период, на 139 натпревари, Брахим Дијас постигна 21 гол и запиша 23 асистенции. Чаби Алонсо очигледно смета дека во наредните години Дијас може да биде клучен играч, поради својата флексибилност на повеќе позиции и способноста да прави разлика дури и кога влегува од клупата.

