Брахим Дијас останува во Реал до 2030 година

Реал Мадрид постигна договор со мароканскиот репрезентативец Брахим Дијас за продолжување на неговиот договор до летото 2030 година.

Преговорите меѓу клубот и играчот траеја последниве две седмици, а сега се во завршна фаза. Иако неговиот актуелен договор важи уште две години, Дијас веќе дал согласност да потпише нов долгорочен ангажман со Кралскиот клуб, а официјалната потврда се очекува наскоро.

Во сезоната што заврши, Дијас запиша 52 настапи за Реал Мадрид, при што постигна шест гола и имаше седум асистенции.

Фудбалерот пристигна во Мадрид во 2019 година од Манчестер сити, а во меѓувреме беше на тригодишна позајмица во Милан, каде што доби значително искуство пред враќањето на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести