Брахим сака да игра за Мароко, во Реал Мадрид се противат

Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијас, сака во иднина да игра за репрезентацијата на Мароко, но проблемот е што во Кралскиот клуб од Мадрид се противат на тоа.

Брахим веќе не сака да чека да биде повикан да игра за Шпанија. Тој е роден во Малага, Шпанија, играше за младинските селекции на родната земја, но во А тимот нема настап на официјален меч (играше само на еден пријателски дуел со Литванија во 2021 година и даде гол), и тоа го тера да посака да игра за Мароко, од каде е неговиот татко. Мароканците го чекаат со раширени раце во нивната селекција.

Во Реал не сакаат Брахим да игра за Мароко затоа што така тој би отсуствувал повеќе од еден месец за време на Африканскиот куп на нации во јануари и февруари.

Токму Африканскиот куп на нации беше причина што после тешката повреда на Тибо Куртоа, Реал кон крајот на август не го купи голманот Јасин Боно од Мароко, не сакаа да имаат голман кој би пропуштил многу мечеви во тој важен период од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести