Ѓорѓи Христов вели дека Ливерпул ќе остане во рамноправна битка за титулата со Манчестер сити, а денеска ќе го положи тешкиот испит против Тотенхем. Очекува ефикасен меч во Манчестер и во Лестер и домашни победи на Кристал Палас и Брајтон во натпревари од 31. коло во Премиерлигата.
Брајтон – Саутемптон (Сабота, 16 часот)
Брајтон нема победа против светците долг период, од 2012 година Саутемптон е подобар ривал, но денеска очекувам прекин на серијата.
Со победа домаќините ќе стават печат на опстанокот и очекувам тоа да го сторат. Имаат и меч помалку, па со три бода денеска ќе бидат безбедни.
Саутемптон е еден од најслабите гости во Премиерлигата, освои само 12 бодови и против Брајтон според мене е аутсајдер.
Предлог тип: 1&2-3 (4.80)
Кристал Палас – Хадерсфилд (Сабота, 16 часот)
Кристал Палас има три победи по ред против тимот од Јоркшир, денеска им е потребен нов триумф за да побегнат од зоната за испаѓање и очекувам тоа и да го остварат.
По традиција дуелите што ги имаат играно овие две екипи се со малку голови, а верувам дека тој тренд ќе продолжи и денеска.
Предлог тип: 1&0-2 гола (3.05)
Манчестер јунајтед – Ватфорд (Сабота, 16 часот)
Во Манчестер владее Солскјерманија и очекувам да продолжи трендот со добри игри на крилјата на добрата атмосфера што владее кај „црвените ѓаволи“.
Ватфорд игра добар фудбал, има добри офанзивци предводени од Дини и очекувам и тие да постигнат гол. Домаќините стасаа до позиција да се борат за настап во Лигата на шампионите и денеска имаат императив да победат.
Очекувам ефикасен меч со најмалку три гола на „Олд Трафорд“.
Предлог тип: 3+ (1.75) Супер тип Sport Life
Лестер – Борнмут (Сабота, 16 часот)
Ова е на некој начин меч без преголемо резултатско значење, иако не е ревијален. Двете екипи ќе играат без пристисок и тука очекува голови.
Лисиците ќе имаат мал проблем во дефанзивниот дел, бидејќи ќе недостасува репрезентативецот Мегваер, кој има значајна улога како командант во одбраната.
Борнмут има добри напаѓачи, Вилсон и Кинг знаат да бидат опасни за противниците, па некако сите услови се да гледаме ефикасен меч на „Кинг Пауер“.
Предлог тип: 4+ (2.80)
Ливерпул – Тотенхем (Недела, 17.30 часот)
Ливерпул по долг период има шанси за титулата и според мене е фаворит за победа против Тотенхем. Во дерби натпреварите никогаш не се знае. Ова ќе биде тежок тест за домаќините, можеби и најтежок до крајот на првенството, но очекувам да ги освојат бодовите. Мане игра во топ-форма, тој некако во последно време го „влече“ тимот и нема да биде изненадување, ако Сенегалецот повторно се запише во листата на стрелците.
Двата состави мислат и на Лигата на шампионите, а Ливерпул сепак според мене има предност бидејќи бие битка за титулата што ја нема освоено долго време.
Предлог тип: 1&2-3 гола (3.35)