Брајтон го победи новиот англиски шампион (Видео)

Брајтон со пресврт го победи Ливерпул со 3-2 и го зеде скалпот на новиот англиски првак. Во меч со многу шанси и пет постигнати гола, домаќинот успеа да го скрши отпорот на Црвените во второто полувреме.

Харви Елиот во деветтата минута донесе водство за Ливерпул, но израмни Јасин Ајари во 32-та минута. Сепак, Доминик Собослаи непосредно пред полувремето повторно обезбеди предност за гостите.

Во вториот дел, уште два гола на Брајтон. Каору Митома во 69-тата минута се погрижи за израмнување, а Џек Хиншелвуд го постигна победничкиот погодок во 85-тата минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести