Брајтон води со 2:0 на гостувањето кај Ливерпул во 9. коло од Премиер лигата. Белгискиот интернационалец Леандро Тросар два пати ги шокираше домашните фанови, успевајќи да го матира Алисон.
Тросар погоди по само четири минути игра, а потоа втор пат ги израдува гостите со погодок во 18 минута.
Освен двата гола, Брајтон имаше и уште две добри шанси за погодоко, но Алисон тогаш одбрани. Дека ова водство на гостите не е изненадување покажува и доминацијата во посед на топка, па Брајтон по првите 20 минути има 64 отсто посед на топка.