Пет натпревари на кои се очекува ефикасен фудбал се дел од Квотите на денот на Sport Life и искомбинирани на еден тикет прават квота од 62.9. Во понудата се натпревари од Африканскиот куп на нациите, англиската Премиер лига и Чемпионшип дивизија, финалето на италијанскиот Суперкуп и еден натпревар од шпанската Ла Лига.
Понудата ја отвораат репрезентациите на Екваторијална Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска, коишто играат во групната фаза на Африканскиот куп на нациите. Понудената квота е 2.35, а ќе биде добитна само ако Брегот на Слоновата Коска победи, но и ако бидат постигнати голови во двете полувремиња.
Во финалето на италијанскиот Суперкуп во Ријад, Саудиска Арабија, играат Наполи и Интер, а очекувањата се дека Наполитанците нема да го освојат трофејот, барем не во регуларните 90 минути. Квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако Интер не загуби, но и ако се затресат двете мрежи.
Квотата 2.25 е и за мечот помеѓу Брајтон и Вулверхемптон, а ќе биде добитна ако домашните забележат победа, а на дуелот бидат постигнати помеѓу два и пет гола.
Атлетико Мадрид е фаворит на гостувањето кај Гранада, а квотата и за овој меч е 2.25, која ќе биде добитна само ако Јорганџиите победат во дуел на кој во првото полувреме ќе биде постигнат минимум еден погодок.
Понудата ја затвораат екипите на Лестер и Ипсвич со дуел од англиската Чемпионшип дивизија. Очекувањата се дека овој натпревар ќе заврши „гол-гол“, но со голови во двете полувремиња. Доколку овие два услова се остварат, тогаш квотата од 2.35 ќе биде добитна.