Брајтон и Јунајтед без муниција во првото полувреме

Фудбалерите на Брајтон и Манчестер јунајтед играат без голови по првото полувреме од заостанатиот натпревар од 28-мото коло во Премиер лигата.

Домаќинот имаше поголем посед на топката (57-43), двете екипи имаа шанси, а Црвените ѓаволи упатија повеќе удари во рамките на голот на Стил.

Прва голема шанса да го отвори резултатот имаше Маркус Рашфорд во 28-мата минута, но неговиот шут го одбрани голманот на Брајтон, Џејсон Стил.

Во финишот од првиот дел се закани и Антоан Марсијал, но шутираше по средина на голот и Стил успеа да го запре неговиот удар.

- Оглас -

Најнови вести