Николче Д. беше најуспешен прогнозер во петтото коло на Спортска прогноза на Спорт Манија и Sport Life по саботните и неделните мечеви, па ако вечерва Наполи го победи Удинезе, тој ќе има 11 погодоци и ќе биде добитник на вредносен ваучер од 500 денари од Sport Life.
Во конкуренција на над 2.100 прогнозери, најмногу утки имаше кај два меча: Брајтон – Лестер и Ленс – Лил. Само 3,56 проценти погодија дека Лисиците ќе загубат во Брајтон, а под 9 отсто веруваа во поразот на Лил од Ленс. Да не беа тие два меча, сигурно бројот на прогнозери со 11-ки и 12-ки ќе беше поголем и ќе имаше освоени ваучери.