38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Брајтон и во 2024 година ќе остане доследен на традицијата, на мечевите на Виљареал головите се задолжителни

1154 Вест хем – Брајтон (20.30 часот)

Брајтон кон крајот на минатата година со поразот од Арсенал (0:2) ја прекина неверојатната серија да игра „гол-гол“, но потоа се врати на традицијата во дуелите со Кристал палас (1:1) и Тотенхем (4:2). Вест хем годината ја заврши со две големи победи над Манчестер јунајтед (2:0) и Арсенал (2:0). Бидејќи и двата тима играат во одлична форма и на табелата ги делат само три бода, за очекување е и вечерва да играат офанзивно, а згора на тоа, и традицијата ја имаат на своја страна. Брајтон на шесте последни гостувања кај Вест хем постигнал гол и на пет од нив и двата тима ги треселе мрежите.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.82)

 

1108 Рос каунти – Абердин (16.00 часот)

Абердин минатата година ја заврши со пораз пред своите гледачи и падна во долниот дел од табелата во шкотската Премиер лига. Во првиот меч во 2024 година тимот во кој главен напаѓач е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ќе биде против претпоследнопласираниот тим на табелата Рос каунти, кој има 18 бода, само еден помалку од Абердин. Сезонава овие два тима веќе одиграа два натпревари меѓу себе и на двата победи Абердин, 2:1 беше во Лига купот и 4:0 во Премиер лигата.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.05)

 

1301 Хетафе – Рајо Ваљекано (17.00 часот)

И првиот голман на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, со неговиот Рајо Ваљекано денеска ќе го игра првиот меч во 2024 година, и тоа против тимот кој е одличен на домашен терен. Хетафе заедно со Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Бетис, се единствени екипи кои сезонава немаат пораз на домашен терен во Ла Лига. За тоа како игра Хетафе пред своите гледачи, најдобро покажува и гол-разликата 9:4 на осумте дуели. Уште еден податок кој најавува дека нема да има многу голови на „Метрополитано стадионот“ во Мадрид се меѓусебните дуели, на три од последните четири меча немало победник, а два од нив завршиле без голови.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (1.94)

 

1302 Реал Сосиедад – Алавес (19.15 часот)

Баскискот тим се наоѓа во серија од шест меча без пораз во Ла Лига (три победи и три ремија) и за противник го има Алавес, кој загуби на последните три дуели во 2023 година и притоа не постигна ниту еден гол. Реал Сосиедад просечно постигнува по два гола пред своите гледачи и за очекување е со победа да ја започне Новата година.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.10)

 

1303 Валенсија – Виљареал (21.30 часот)

Со доаѓањето на Марселињо на клупата на Виљареал, екипата игра офанзивен фудбал со многу голови. На петте натпревари на Виљареал во Ла Лига под водство на Марселино се постигнати дури 19 гола. На последните десет меѓусебни натпревари, само еден завршил без голови, на останатите просечно се паѓале речиси по три гола. За очекување е оваа традиција Валенсија и Виљареал да ја продолжат и во 2024 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

- Оглас -

Најнови вести