Брајтон игра магично, ги почести Волците со шест парчиња

Фудбалерите на Брајтон продолжуваат со одличните игри сезонава во Премиер лигата и денеска „Амекс“ стадионот буквално го понижија Вулверхемптон победувајќи го со 6:0.

Со победата, Брајтон дојде до 52 бода, еден помалку од Ливерпул, но има и натпревар помалку од Црвените кои се наоѓаат на седмото место на табелата.

Ако продолжи во ист ритам и во останатите мечеви, Брајтон може да ги прескокне и Астон Вила и Тотенхем на табелата кои имаат 54 бода, но и два натпревари повеќе од тимот кој го предводи Роберто де Зерби.

За тоа каков фудбал игра Брајтон, најдобро покажува податокот дека оваа екипа е трета најефикасна екипа во Премиер лигата. Брајтон досега даде 61 гол, колку и Ливерпул, а пред нив се само Манчестер сити со 82 и Арсенал со 75 постигнати голови.

Дениз Ундав го отвори резултатот уште во шестата минута, а до крајот на првиот дел, Брајтон постигна уште три гола, два пати мрежата на Жосе Са, ја тресеше Паскал Грос, а еднаш Дани Велбек.

Велбек на стартот од вториот дел, зголеми на 5:0, а гол серијата ја затвори играчот кој и ја отвори, Ундав во 66-та минута.

Брентфорд со два гола во финишот го совлада Нотингам Форест со 2:1. Голот за победа на Брентфорд го даде ДаСилва во четвртата минута од судиското продолжение. Претходно, Ајван Тони во 82-та минута погоди за 1:1, а голот за Шумарите го постигна Данило во последните моменти од првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести