Брајтон води со 2:0 по првото полувреме во дуелот против Манчестер јунајтед и тоа на „Олд Трафорд“. Малкумина веруваа дека гостите ќе може да имаат ваква предност по 45 минути игра, но со прикажаното на теренот, Брајтон сосема заслужено води.
Паскал Грос е херојот на гостите. Најпрво погоди во 30 минута за водство од 1:0, а потоа повторно беше прецизен во 39 минута.
https://twitter.com/i/status/1556272997891284992
Грос во кариерата досега има постигнато дури шест голови во дуелите со Манчестер јунајтед.