Навивач на Брајтон се појавил со дрес на Палестина на мечот против Фулам од првото коло на Премиер лигата, а поради тоа добил забрана за присуство на стадион на следните пет меча.
Како што вели во објавата на социјалните мрежи, тој го носел официјалниот дрес на репрезентацијата на Палестина само со знамето и името на земјата, без никакви написи со политичка содржина. Сепак, најпрво бил предупреден од редарите, кои го замолиле да си замине без да му објаснат која е причината, но откако одбил, го догледал мечот до крај.
Сепак, потоа одлучил да испрати жалба до клубот за однесувањето на луѓето задолжени за безбедноста, но наместо одговор на жалбата, добил писмо со кое му се забранува присуство на следните пет натпревари на Брајтон.