32.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Брајтон не го пушта Балеба во Манчестер јунајтед

Карлос Балеба требаше да биде едно од големите засилувања на Манчестер јунајтед ова лето, со трансфер проценет на над 100 милиони евра. Сепак, според англиските медиуми, од тој трансфер нема да има ништо.

Брајтон не е подготвен да се раздели со својот 21-годишен дефанзивен играч за врска, кој минатата сезона беше стандарден член на тимот и со своите настапи го привлече вниманието на Црвените ѓаволи.

Изгледа дека Јунајтед ќе мора да ја насочи својата потрага кон други решенија, бидејќи Брајтон нема намера да го пушти Балеба ова лето.

- Оглас -

Најнови вести