26.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Брајтон со спектакуларен дочек на првиот светски првак во историјата на клубот (Видео)

Аргентина за прв пат по 36 години ја освои титулата на Светското првенство, а еден од оние кои блескаше на Мундијалот е Алексис Мекалистер. Играчот за врска има одлична сезона и во Брајтон, а англискиот тим му приреди одличен дочек на Аргентинецот.

Мекалистер денеска се појави во клупските простории на Брајтон, а таму го чекаа сите соиграчи да му честитаат, додека ѕидовите беа накитени со аргентински знамиња. Мекалистер го чекаше и реплика од пехарот на СП, а кога тој го крена високо, беа пуштени конфети во сино-бела боја, комбинацијата на аргентинското знаме.

https://twitter.com/i/status/1609868228733419529

- Оглас -

Најнови вести