Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат со лошите игри сезонава и денеска ја завршија одбраната на еден од два трофеи што ги освоија претходната сезона.
Ливерпул е елиминиран од Брајтон во ФА Купот откако денеска загуби со 2:1.
Ова е втора победа на Брајтон над Ливерпул во 2023 година, тие пред 15 дена играа во Премиер лигата и тогаш триумфот беше поубедлив, 3:0.
https://twitter.com/i/status/1619702215220035584
Црвените поведоа со голот на Харви Елиот во 30-та минута, но славјето траеше само девет минути иодличниот гол на Луис Данк.
https://twitter.com/i/status/1619702840834035712
Голот кој Брајтон го однесе во следната рунда во ФА купот, беше постигнат во втората минута од судиското продолжение, а стрелец беше Каору Митома.
https://twitter.com/i/status/1619718277391065091