Мартин Брајтвајт го живее фудбалскиот сон. Данскиот репрезентативец не ни можеше да верува дека ќе игра за Барселона и тоа на денешниот меч против Еибар. До пред само неколку денови, Брајтвајт беше играч на Леганес, тим кој се бори за опстанок во шпанското првенство.
Барселона за кратко време остана без двајца стандардни напаѓачи Суарес и Дембеле, па каталонскиот гигант доби право да доведе еден играч. Одлуката падна на Брајтвајт. Пред три дена тој го стави потписот за гигантот од „Камп Ноу“, а денеска веќе дебитираше во новиот тим.
Брајтвајт во игра влезе во 72 минута на местото на Антоан Гриезман и одигра одлични 20-тина минути. Тој успеа да асистира за четвртиот погодок на Меси, а беше најзаслужен и за голот на Артур затоа што најпрво тој шутираше, а одбиената топка дојде до стрелецот на последниот гол кој имаше празна мрежа пред себе.
Данецот на крајот од мечот зад својата статистика имаше 65 допири со топка, две асистенции, три шута од кои два во рамки на голот, пет успешни дриблинзи, седум создадени шанси, две пресечени топки, шест добиени дуели, 39 прецизни додавања (91 отсто успешност).
По завршување на мечот, Брајтвајт не го криеше задоволството, а дури потенцираше дека нема да го пере дресот затоа што се прегрнал со Меси.
„Нема да го исперам дресот, затоа што Меси ме прегрна. Признавам дека пред една недела воопшто не ни помислував дека ќе иргам за Барселона“, рече Брајтвајт по мечот.
🗣️ Braithwaite: “I will not wash my clothes after receiving Messi’s hugs.
I admit that I didn’t think I would be playing for FC Barcelona a week ago.” pic.twitter.com/t7yY0OgKFK— BarçaTimes (@BarcaTimes) February 22, 2020