31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Браќата близнаци кои се синови на легенда на Манчестер јунајтед потпишаа професионални договори со Црвените ѓаволи

Манчестер јунајтед потпиша професионални договори со синовите на клупската легенда Дарен Флечер, и тоа само една година откако од академијата на Манчестер сити се преселија во Јунајтед.

Џек и Тајлер Флечер имаат по 17 години и настапуваат за тимот на Манчестер јунајтед до 18 години, кој е прв во северната дивизија на Премиер лигата во оваа конкуренција со десет бода предност пред Граѓаните.

И двајцата млади фудбалери досега настапуваа за репрезентацијата на Шкотска, но Џек наскоро може да заигра за Англија бидејќи експертите го сметаат за поталентиран и луѓето од Федерацијата сакаат да го видат во дресот на Гордиот Албион. Џек има право да ја промени репрезентацијата бидејќи сè уште нема настап за сениорската или за репрезентацијата на Шкотска до 21 година.

Џек веќе го импресионирал менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг и според медиумите, ако Холанѓанецот остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, тогаш сигурно ќе го приклучи младиот играч од средниот ред во работата со првиот тим.

https://twitter.com/warkopunited/status/1775797122102890496?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1775797122102890496%7Ctwgr%5E31fcdc860443ba143d9f04e4479eaf6fabcd30e5%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F3867251-braca-blizanci-sinovi-legende-mancestera-krenuli-ocevim-stopama-junajted-potpisao-klince

Дарен Флечер го носеше дресот на Манчестер јунајтед од 2003 до 2015 година и притоа одигра 342 натпревари и постигна 24 гола. Освои пет титули во Премиер лигата, еднаш победи во Лигата на шампионите, како и на Светското клупско првенство, во ФА купот и Лига купот.

Дарен моментно ја извршува функцијата технички директор во Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести