Браќата Љупче и Ѓорѓе Џеков остануваат во Силекс до 2029 година

Младинските репрезентативци Љупче и Ѓорѓе Џеков ставија потпис на четиригодишни професионални договори со Силекс, со што клубот од Кратово јасно го дефинира својот правец, вложување во младите и талентирани фудбалери.

Ова е значаен чекор за иднината на Силекс, кој успеа да ги задржи двајцата младински репрезентативци во своите редови. Браќата Џеков се дел од клубот веќе една и пол година и веќе имаат сериозен придонес во Првата македонска фудбалска лига.

Љупче Џеков, кој настапува како голман, има 34 првенствени настапи и се наметна како еден од најсигурните и најперспективни чувари на мрежата во лигата. Ѓорѓе, кој игра во одбраната, запиша 27 настапи и покажа стабилност и квалитет на дефанзивните позиции.

Силекс со овој потег испраќа силна порака дека ќе продолжи да гради тим базиран на млади и талентирани играчи, со јасна визија за иднината. Кратовскиот тим ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести