Атлетик Билбао го порази Рајо Валјекано со 4-0 во меч од шпанската лига, и ова е најубедлив пораз на Рајо на гостувањата сезонава. Повеќе голови Столе Димитриевски прими само од Атлетико Мадрид, кога дури седум пати ја вадеше топката од мрежа.
Инаку, попладнево за баскискиот тим по еден гол дадоа браќата Ињаки и Нико Вилијамс, а ова е прв нивен меч сезонава на кој двајцата погодија. И претходниот пат кога двајцата се запишаа во листата на стрелци на ист меч, беше против Рајо.