Бран и ФЦСБ сигурно победуваат, ефикасно ќе биде на Копа Америка (Фото)

5603 – Канада – Уругвај (02:00)

Репрезентациите на Канада и Уругвај ќе играат за утешната награда на Копа Америка, третото место. Овие натпревари по традиција се ефикасни и изобилуваат со голови, па така се очекува да биде и доцна вечерва на мечот во Шарлот. Која репрезентација и да стигне до бронзата нема да биде незаслужено, со оглед дека Канада беше едно од најпријатните изненадувања, додека Уругвај во она скандалозно полуфинале загуби од уште едно изненадување на овој турнир, Колумбија.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.99)

 

2507 – Бран – Хаугесунд (19:15)

Екипата на Бран е апсолутен фаворит во натпреварот против Хаугесунд во норвешкото првенство. Тоа лесно може да се забележи од табелата. Домашните се втори со пет поени помалку од лидерот, додека гостинската екипа е претпоследна во лигата со 16 екипи. Бран во овој меч влегува со серија од четири победи по ред во меѓусебните дуели против Хаугесунд.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.08)

 

2435 – ФЦСБ – Универзитатеа Клуж (21:00)

Домашниот состав на ФЦСБ е голем фаворит против Универзитатеа Клуж во романското првенство. Поранешната Стеауа во одлична форма влегува во првиот меч од домашното првенство, откако претходно убедливо со 7-1 победи во квалификациите за Лигата на шампионите, но победи со 3-0 и во романскиот Супер куп. Серијата од четири победи по ред ја заокружуваат триумфите над холандските Алмере и Апелдорн во пријателски натпревари.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.13)

 

4901 – Сан Антонио Було Було – Ориенте Петролеро (21:00)

Ефикасен меч се очекува да одиграат екипите од дното на првенството на Боливија, Сан Антонио Було Було и Ориенте Петролеро. Двете екипи оваа сезона имаат просек по околу три гола по натпревар, но никогаш претходно немаат одиграно меѓусебен дуел. Сепак, шест од последните седум натпревари на гостинската екипа заврушваа со по најмалку три гола и со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.05)

 

2602 – Сириус – Гаис (17:30)

Екипите на Сириус и Гаис важат за едни од најфикасните во првенството на Шведска. На 13-те натпревари на Сириус оваа сезона се постигнати 33 гола, додека на исто толку натпревари на кои настапила екипата на Гаис се паднале 38 гола. Домашните во мечот влегуваат со серија од четири меча по ред на кои има по најмалку три гола.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.83)

- Оглас -

Најнови вести