Флорин Прунеа е категоричен и вели дека Романија џабе се надева и дека веќе нема шанси за настап во дополнитените баражи за пласман на Мундијалот во Катар по вчерашното реми без голови со Исланд и победата на Македонија против Ерменија со 5:0.
„Готово е, не се надевајте на ново чудо од Исланд. Македонците не се наивни како нас и ќе го победат Исланд. Романија нема веќе шанси, најмногу благодарение на Мирел Радои. Нашиот селектор е виновен што пропуштивме златна шанса да останеме во игра за настап на Светското првенство“, рече поранешниот голман на романската репрезентација.
Прунеа беше прв голман на Романците на Светското првенствот во САД во 1994 година, кога тие беа „Чудото од Балканот“ и стигнаа до четвртфиналето и таму беа елиминирани на пенали од Швеѓаните.
Во претходната фаза ја елиминираа Аргентина со победа од 3:2 и Романците предводени од Георге Хаџи, Думитрески, Белодедиќ, Попеску, Петреску, Мунтеану…. беа вистински хит на Мундијалот во САД.