Бранеше лудо и незаборавно против Реал Мадрид, па за првпат го повикаа во репрезентација

Голманот на Шериф Тираспол, Георгиос Атанасијадис бранеше лудо и незаборавно во историската победа од 2:1 против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во меч од Лигата на шампионите, па заслужено се радува на прв повик во националната селекција на Грција.

Интересно е што Атанасијадис е позајмен во Шериф од АЕК Атина, екипа што не му даде шанса да има позначајна минутажа,а голманот блеска во Лигата на шампионите.

На два меча за Шериф Георгиос прими само еден гол, а бранеше чудесно и против Шахтар во првото коло, кога неговиот тим победи со 2:0 и особено импресивно против Реал во една од најголемите сензации во историјата на Лигата на шампионите.

Атанасијадис е на списокот на Холанѓанецот Џон Ван Шип за дуелите на Грција против Грузија на 9. октомври во Батуми и против Шведска во Солна три дена подоцна.

Голманот кој има 28 години досега никогаш не бил дел од грчата репрезентација, па се очекува да дебитира месецот во квалификациските мечеви за настап на Мундијалот во Катар, идната година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести