32.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Бранителот на трофејот ги доби Баерн и Барселона, англиски предизвици за Реал Мадрид (Фото)

УЕФА ја одржа полуавтоматската ждрепка за лигашкиот дел од Лигата на шампионите, па сите 36 екипи учеснички ги добија своите противници, но термините и распоред по кола ќе биде објавен во сабота.

Бранителот на трофејот, ПСЖ, од првиот шешир ги доби Баерн Минхен и Барселона, додека Реал Мадрид ќе има два англиски противници, Манчестер сити и Ливерпул.

Барселона освен против ПСЖ, за противник ќе го има и светскиот шампион Челзи, но ќе треба да гостува и кај Њукасл, кој беше во последниот шешир.

Елиф Елмас е пред враќање во Наполи, а доколку тоа се случи, нашиот репрезентативец за противници ќе ги има Челзи и Манчестер сити од првиот шешир, како и Ајнтрахт Франкфурт и Бенфика од вториот.

Задоволство од ждрепката со сигурност има и кај Карабах, екипа која ја елиминираше Шкендија во третото коло од квалификациите, а потоа преку Ференцварош дојдоа до лигашкиот дел. Шампионот на Азербејџан ќе го пречека Челзи, а ќе му гостува на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести