6.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Брансон блескаше во триумфот на Њујорк, Бостон го изненади Хјустон (Видео)

Кошаркарите на Њујорк никс го совладаа Денвер нагетс со 134-127 по две продолженија, предводени од блескавата партија на Џејлен Брансон.

Брансон постигна 42 поена, со девет асистенции и осум скока, додека Карл-Ентони Таунс додаде 24 поени и 12 скока.

Кај Нагетс, Џамал Мареј уфрли 39 поени, а Никола Јокиќ забележа 30 поени, 14 скока и 10 асистенции, својот прв трипл-дабл откако минатата недела се врати по повредата на коленото.

Денвер го претрпе третиот пораз по ред откако во претходните две средби беше совладан од лидерот на конференцијата Оклахома сити и од Детроит.

Босанскиот кошаркар Лука Гарза беше фантастичен во гостинската победа на Бостон против Хјустон со 93-114.

Гарза беше стартер и играше во тандем со Немијас Куета под кошот, а за 34 минути на паркетот постигна 19 поени, со што беше трет стрелец на екипата зад Дерик Вајт (29) и Пејтон Причард (27), но и на целиот натпревар, со оглед на тоа што ниту еден играч на Хјустон не постигна повеќе од 15 поени.

Турчинот Алперен Шенгун натпреварот го заврши со 13 поени и 9 скока и беше втор стрелец на Хјустон зад Кевин Дурант, кој постигна 15 поени.

Резултати: Њујорк – Денвер 134-127, Торонто – Минесота 126-128, Хјустон – Бостон 93-114, Милвоки – Њу Орлеанс 141-137, Сан Антонио – Оклахома сити 116-106, Сакраменто – Мемфис 125-129, ЛА клиперс – Кливленд 91-124.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести