Јулијан Брант утна нешто што не се промашува на дуелот меѓу Мајнц и Борусија Дортмунд и, за негова среќа, сепак Милионерите победија со 1:0 во заостанатиот меч во Бундеслигата, а веднаш потоа на Хари Кејн му се случи уште поневеројатно промашување.
Најдобриот стрелец на Тотенхем во петтата минута имаше празен гол пред себе, но успеа да го стори невозможното и утна чист зицер на дуелот со Брајтон.
How did Harry Kane miss this??? pic.twitter.com/l1KdH6T2Hv
— Harry C (@HazSpur92) March 16, 2022
Промашувањето на Брант се случи во 95-тата минута, а, за негова среќа, Вицел со гол во 87-мата минута ѝ донесе победа на Борусија Дортмунд.
Мечот меѓу Брајтон и Тотенхем е во тек и по 25 минути игра, сè уште нема голови.