Колеџ-кошаркарот Џеј Џеј Кулвер на еден натпревар од НАИА-лигата во којашто настапува постигна 100 поени во победата на својот тим Вејленд Баптист од 124-63. Џеј Џеј е брат на Џерет Кулвер, кој игра во НБА за екипата на Минесота тимбервулфс и беше шести пик на драфтот.
Тој до оваа неверојатна бројка, која во историјата на НБА ја има остварено само легендарниот центар Вилт Чемберлен, дојде за 38 минути игра. Погоди 12 тројки од 33 обиди, за двојка имаше 22 погодоци, реализираше 20 слободни фрлања од 27 обиди, а имаше и девет скока и пет украдени топки.
Неговиот брат кој игра во НБА на социјалните мрежи побара пријателите да го убедат дека ова не е сон, туку реалност.
Ова е забивањето со кое Кулвер го постигна својот стоти поен:
JJ Culver throwing down 2 of his…100 POINTS! pic.twitter.com/yU4CVH3pN7 https://t.co/wWS5qc8CUs
— Ballislife.com (@Ballislife) December 11, 2019