Џоб Белингам, помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, се наоѓа во Германија, каде што води преговори за трансфер во редовите на Ајнтрахт Франкфурт. Според информациите на „Скај спорт Германија“, 19-годишниот фудбалер е блиску до договор со клубот од Бундеслигата, само по неколку дена откако му помогна на Сандерленд да обезбеди историско враќање во Премиер лигата по осумгодишна пауза.
Ајнтрахт не е единствениот германски клуб што го следи талентираниот играч од средниот ред. Борусија Дортмунд и Лајпциг исто така покажуваат сериозен интерес. Клубот од Дортмунд дури веќе оствари средба со Белингам и неговите претставници во Североисточна Англија порано овој месец.
Џоб Белингам оди по стапките на својот брат Џуд, и тој излезе од академијата на Бирмингам сити и дебитираше за првиот тим само на 16-годишна возраст во 2021 година.
Во летото 2023 година премина во Сандерленд, каде што оваа сезона одигра 43 натпревари, постигна четири гола и запиша три асистенции.
Младиот англиски репрезентативец има желба да ја дефинира својата фудбалска иднина уште во текот на оваа недела, а се чини дека кариерата ќе ја продолжи во Германија, слично како што тоа го направи Џуд Белингам пред трансферот во Реал Мадрид.