Европскиот фудбалски фокус е во Париз, каде што од 18 часот денеска ќе се влече ждрепката за настапите во Лигата на нациите. Многу претседатели на фудбалски федерации и селектори допатуваа во Париз за да може да присуствуваат на ждрепката, која ќе им ги даде ривалите во следните настапи од Лигата на нации.
Роберт Просинечки неодамна беше назначен за селектор на Црна Гора и тој е во Париз, каде што е и предводникот на селекцијата на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси. Овие двајца многу добро се познаваат од времето кога заедно го носеа дресот на Црвена ѕвезда. Пикси во Ѕвезда беше во период од 1986 до 1990, а Просинечки од 1987 до 1991 година.
Многу искрена и срдечна беше средбата на поранешните соиграчи. Пикси му честиташе на Просиченки за новиот предизвик да биде селектор на Црна Гора и двајцата братски се прегрнаа.