13.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Братско дерби под рефлектори во Битола, Шкупи е домаќин на Струга во Струга (Фото)

Последното коло од првиот круг на Првата фудбалска лига на Македонија продолжува со два натпревари кои се играат во Струга и Битола.

Она што е интересно, Шкупи ќе ѝ биде домаќин на Струга на стадионот во Струга бидејќи стадионот „Чаир“ е суспендиран, па одлуката падна и овој меч да се игра крај езерото.

Јасно е дека Струга е апсолутен на овој меч, па квотата за победа во Sport Life им е само 1.21. Шкупи има само еден бод од десет меча, додека Струга е второпласирана со бод заостанување од лидерот Вардар. Сензација и победа на Шкупи имаат квота од 9.25 во понудата на Sport Life.

Во Битола, и тоа во вечерен термин се игра братското дерби на Пелистер и Тиквеш, екипи кои се во долниот дел на табелата и секој бод е добредојден за двете екипи. Битолчани се 11-ти со седум бода, додека Тиквеш има бод повеќе на деветтото место.

Според квотите во Sport Life, се очекува неизвесен фудбал. Пелистер има квота за победа од 2.55, додека Тиквеш малку помала – 2.50.

- Оглас -

Најнови вести