Братското дерби нерамноправно, првиот тим на Пелистер даде повеќе од двојно повеќе голови

Битолското ракометно дерби не донесе никаква неизвесност. Првиот тим на Еурофарм Пелистер остана лидер со максимален учинок после четири кола во лигата за првак на Македонија, откако попладнево го победи вториот тим на Е. Пелистер со огромни 39-18.

Четата на Жељко Бабиќ рутински излезе како победник, сè беше јасно по првото полувреме кое заврши со 19-10 за „постариот брат“.

Сега ракометарите заминуваат на репрезентативна пауза. Шампионот на Македонија најверојатно ќе се одлучува на мега дербито во Битола кога на Еурофарм Пелистер ќе му гостува Вардар.

- Оглас -

Најнови вести