Братското дерби за шампионот, другарското кавадаречко дерби за Самарџиев

Во македонскиот кошаркарски шампионат денеска се одигра комплетното 11-то коло, а се одиграа интересни мечеви и има нови поместувања на табелата.

МЗТ Скопје Аеродром без двајцата најефикасни играчи Дамјан Стојановски и Џабари Хиндс, го победи својот втор тим соиставен од млади играчи, а без проблеми победија и Кожув и Куманово.

Во Гостивар падна Работнички, а Еуро Никел по продолжение го победи Пелистер во дуелот на двајцата кавадаречки тренери Малинков и Самарџиев кои одлично се познаваат и соработуваа долги години. Овие победи им помогнаа на гостиварци и кавадарчани да бидат единствените два тима со по една победа помалку од лидерот МЗТ, а тие се и единствените тимови кои сезонава успеаја да го поразат првакот.

РЕЗУЛТАТИ: Гостивар – Работнички 93-79, МЗТ Уни банка – МЗТ Скопје Аеродром 80-93, Кожув – Вардар 87-65, Куманово – Академија ФМП 97-71, Пелистер – Еуро Никел 82-88.

- Оглас -

Најнови вести