Брацо фрли масло на оган: Го очекувам Левандовски на 12 јули на тренингот на Баерн

Хасан Салихамиџиќ сè уште верува дека Роберт Левандовски ќе го одработи докрај договорот со Баерн Минхен, што е важечки до идното лето, и ги запали страстите со изјава за германскиот „Билд“.

„Очекувам Роберт да се појави на првиот собир и тренингот на Баерн на Зебенер штрасе на 12 јули. Нашата позиција е јасна, Левандовски има договор со Баерн до 2023 година“, рече популарниот Брацо, кој е спортски директор на германскиот гигант.

Левандовски има сосема спротивна цел и сака да си замине од Баерн и да игра за Барселона, но има неочекувани проблеми со неговиот трансфер.

Барселона мора да го расчисти дологот и да продава играчи за да може да го регистрира Левандовски, а се отвори фронт со Хавиер Тебас и раководството на Ла Лига.

Тебас, кој е претседател на раководните структури на шпанската Прва лига, изјави дека Барса поради долгови и во ваква ситуација не може да го регистрира Полјакот, што дополнително ги разгоре страстите, па се води војна меѓу Ла Лига и шпанскиот гигант.

Салихамиџиќ со изјавата само долеа масло на оган и сега сагата станува се поинтересна, а трансферот на Левандовски во Барселона сè повеќе се заплеткува и станува сложена мисија.

 

- Оглас -

Најнови вести