Филипе Кутињо и официјално е нов член на Баерн Минхен, каде што оваа сезона како позајмен играч од Барселона ќе ги брани боите на германскиот првак. Кутињо ја задолжи опремата со бројот 10, којашто му припаѓаше на Арјен Робен цела една деценија.
„Ова е нов голем предизвик за мене. Нова лига, нов клуб, еден од најдобрите во Европа. Подготвен сум за сè што ќе ми застане на патот до успех, се надевам дека ќе бидам од големо значење за Баерн“, истакна Кутињо при промоцијата.
По официјализацијата, познати се и сите детали околу трансферот. Баерн за позајмицата ќе исплати 8,5 милиони евра, а во договорот има опција Кутињо да биде откупен за 120 милиони евра. Двата клуба во текот на оваа сезона поддеднакво ќе ја подмируваат платата на Кутињо.
Кутињо од јануари 2018 кога пристигна во Каталонија, запиша 75 настапи за Барса, во кои постигна 21 гол и 11 асистенции. Од него се очекуваше многу повеќе, со оглед на тоа дека шпанскиот првак потроши 160 милиони евра за да го доведе од Ливерпул, потег кој се покажа како тотално погрешен и за клубот, но и за фудбалерот.
🎙 @Phil_Coutinho: "Für mich bedeutet dieser Wechsel eine neue Herausforderung in einem neuen Land bei einem der besten Klubs Europas. Darauf freue ich mich sehr." #ServusCoutinho
Zum Flock unserer neuen Nummer 🔟: https://t.co/tL54ePMvzH pic.twitter.com/m6OVRjeqA0
— FC Bayern München (@FCBayern) August 19, 2019