Брауншвајг ќе го потврди опстанокот во втората Бундеслига

3545 Куресаре – Флора Талин (17.00 часот)

Ова е меч од 14-тото коло во естонската фудбалска лига, а по 13 рунди, Флора е на првото место во 29 бода. Во овие 13 кола, Флора прими само 9 гола, три кола по ред нема примено гол откако точно пред еден месец Каљу им даде три гола. Куресаре има 13 бода и осми е на табелата во лига која има 10 тима. Имаат 13 бода и само еден нерешен резултат сезонава. Ефикасноста им е слаба страна, во просек даваат помалку од еден гол по меч што не е добар показател пред дуелот со најцврстата одбрана во лигата.

Предлог тип: 2 Сигурна (1.77)

 

2621 Трелеборгс – Хелсингборг (19.00)

Овие два некогашни прволигаши се во долниот дел на табелата по девет одиграни кола во шведската втора лига. Трелеборг има само 7, а Хелсингборг 10 бода. Двата тима загубија во минатото коло. Трелеборг има дадено само 6 гола, од кои пет против Вастерас, а на останатите осум меча само еднаш ја затресоа мрежата. Последниот меѓусебен дуел на теренот на Трелеборг им беше лани во мај, кога средбата заврши 0-0.

Предлог тип: Х било кога (1.79)

 

1811 Брауншвајг – Сарбрикен (20.30 часот)

Брауншвајг е блиску до опстанок во втората германска лига, откако на првиот меч во овој бараж за пополнување на Цвајта како гостин славеше со 2-0. Брауншвајг беше 16-ти (трети од долу) во Цвајта, додека Сарбрикен баражот го заслужи како третопласиран во третата лига. Интересно е дека од последните девет меѓусебни дуели на овие два тима, само еднаш било нерешено, а осумпати имало победник.

Предлог тип: & 1-3 (2.05)

 

1921 Грасхоперс – Арау (20.30 часот)

Ова е прв од двата бараж-меча за место во швајцарската Суперлига. Грасхоперс беше десетти во елитното друштво и за да остане прволигаш, треба да биде подобар од Арау, кој беше втор во втора лига и реваншот ќе го игра дома. Традицијата ги фаворизира Скакулците, Арау 11 години не победил на гости во официјален меч против Грасхоперс, но последниот меѓусебен официјален, како и пријателскиот меч ги доби Арау.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)

 

8101 Виртус Болоња – Венеција (21.00 часот)

Тука станува збор за мајсторка од четвртфиналето на плејофот во италијанската кошаркарска лига. Евролигашот беше прв по регуларниот дел од сезоната, Венеција беше осма, но по четири меча во ова четвртфинале, резултатот во победи е 2-2 и на сите тесни четири дуели победуваше тој што беше домаќин, но разликата ниеднаш не беше поголема од седум поени. Победникот оди во полуфинале против Армани Милано. Последната победа на Венеција во Болоња беше во декември 2023 година.

Предлог тип: 1 & <161.5 (2.70)

- Оглас -

Најнови вести