Браво Лина, Ѓорческа заедно со Фомина триумфираа на турнирот во Хенинген

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, триумфира на турнурот во Хенинген, Германија, и тоа во игра на двојки.

Ѓорческа заедно со Русинката Алена Фомина во финалето беа подобри од германско-грузиската двојка, Горгодзе – Хобгарски во два сета и тоа со 6:2,6:4.

Ѓорческа и Фомина уште на стартот направија брејк, а освојувањето на првиот сет го потврдија во седмиот гем кога направија уште еден брејк и потоа со нула дојдоа до 1-0 во сетови.

Во вториот сет имаше поголема неизвесност, Ѓорческа и Фомина повторно тргнаа одлучно и ги одзедоа првите два сервиси на противничките за водство од 3:0.

Противничките се вратија во игра во осмиот гем кога дојдоа до 4:4, но потоа повторно следеше брејк на Ѓорческа и Фомина кој го потврдија со сигурен сервис за триумф и титула.

Ова е втор триумф на Ѓорческа во игра на двојки, таа победи и на турнирот во Сплит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести