Браво мајсторе: Дарио Ивановски го освои второто место на полумаратонот во Мајами (Фото)

Македонецот Дарио Ивановски го освои второто место на полумаратонот во Мајами. Дарио овие 21 колометри ги истрча за 1 час, 5 минути и 17 секунди, што не е негов и македонски рекорд, но искачувањето на подиумот на еден ваков настан е огромен успех.

Топлото време (27 степени целзиусови) е една од причините поради кои Дарио не го собори македонскиот рекорд кој е во негова сопственост и изнесува 1:04:45. Следен предизвик за Дарио ќе биде маратонот во Севиља на 18-ти февруари.
- Оглас -

Најнови вести