Браво мајстори: Голови во 90+ им донесоа 950.000 денари на двајца другари од Босилово

Мајсторски одигран тикет им донесе 957.206 (2 x 478.603) денари на двајца другари од Босилово, Струмица. Еден од типувачите го направил тикетот и го уплатил со 50 денари, веднаш потоа неговиот другар го препишал со иста уплата, па така двајцата се опарија по 478.603 денари.  Дека среќата навистина беше на нивна страна, се покажаа два натпревари на кои паднаа голови во судиско надополнување за огромната добивка.

На мечот од швајцарската Прва лига меѓу Сион и Лугано, типувачот се надевал дека нема да има победник, па така домаќините постигнаа израмнувачки гол во 94-та минута за конечни 2-2. Слично се случи и на дуелот меѓу Монпелје и Монако, каде „кнезовите“ имаа предност од 0-1 во првото полувреме, а средбата заврши со конечни 2-2, откако Делор израмни за домашниот состав во првата минута од судиското надополнување. Мечот заврши онака како што очекуваше типувачот, водство на гостите во првите 45 минути, и крај без победник.

ИГРАТА Т12+II&1+II УСОВРШЕНА ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Секој има свој систем на типување. Некои играат на голови, некои сметаат дека „зицерите“ носат сигурни добивки, но не и овој типувач од Шуто Оризари. Тој се одлучил цел тикет да го направи со една игра, Т12+I&1+II, па со само шест погодени натпревари и уплата од 50 денари доби 340.565 денари.

Еден од шесте меча беше победата на Ливерпул над Борнмут со 3-0, а „црвените“ на Јирген Клоп одиграа точно според предвиденото. Два погодоци во првиот дел, а Салах уште на стартот од второтo полувреме го постави конечниот резултат.

НАЈДОБАР НАЧИН ДА СЕ ДОБИЕ БОНУС ОД 550 ЕВРА СО УПЛАТА ОД 30 ДЕНАРИ

Еден до два гола во прво и во второ полувреме (1-2I&1-2II), очигледно е добитна комбинација за типувач кој уплатил во уплатното место Битола 6. Тикетот составен од девет натпревари и уплата од само 30 денари му донесе на битолчанецот добивка од 251.199 денари, од кои 34.648 денари се бонус.

Во саботата се играа седум средби во англиската Премиер лига, а овој типувач ги одбрал трите на кои ќе нема повеќе од два гола во првото и во второто полувреме. Манчестер ј. славеше на гости кај Фулам со 3-0 (2-0), гостински триумф оствари и Арсенал против Хадерсфилд со конечни 2-1 (2-0), а Ливерпул рутински го совлада Борнмут со 3-0 (2-0).

- Оглас -

Најнови вести