Браво момци Македонци: Алкалоид го совлада АЕК сред Атина!

Ракометарите на Алкалоид забележаа голема победа од 25-29 на првиот меч од финалето на Европскиот куп и тоа на гостински терен против АЕК сред Атина. Момците на Кирил Лазаров сега се на само 60 минути до европски трофеј, кој се надеваме дека ќе дојде во недела на реваншот од финалето во Скопје.

Скопските „фармацевти“ клучната предност ја направија во второто полувреме и тоа пред се неверојатните четири одбранети пенали на Галевски, кој е херој на македонскиот претставник.

АЕК отвори одлично и поведе со 2-0, но Алкалоид брзо се врати и се до финишот на првиот дел се играше гол за гол. Нашиот претставник во финишот на првиот дел дојде до водство од два гола разлика и на паузата замина со предност од 14-16. Конечните четири разлика воедно се и највисоката предност која ја имаше било која екипа на овој дуел.

Мартин Серафимов со шест гола беше најефикасен, а одличен беше и голманскиот тандем, Кизиќ со девет одбрани, а Галевски со седум.

- Оглас -

Најнови вести