Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ ја предводеше Валенсија до сензационална победа над Барселона од 86:76 во дербито на АЦБ лигата.
Нено средбата ја заврши со 16 поени четири скокови и седум асистенции, а поефикасен од него беше само Мајк Тоби кој даде еден поен повеќе. Но, македонскиот репрезентативец имаше индекс 20, со што беше прогласен за најдобар играч на средбата.
Пред крајот на првиот дел, Димитријевиќ имаше незгоден дуел со еден од играчите на Барселона, по што лежеше на подот и беше изнесен во соблекувалната. Но, за среќа повредата не беше сериозна и тој се врати на паркетот.
Валенсија победата практично ја осигура со фантастична последна четвртина која што ја доби со 22:15.
Со овој триумф, тимот на македонскиот кошаркар стигна до бројката од 26 бодови во лигата и се наоѓа на четврттото место.