Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, синоќа собра симпатии кога постапи „шармерски“ за време на кошаркарскиот меч помеѓу Жалгирис и Асвел од Евролигата.
Во преполната сала во Каунас, на големиот екран додека траеше популарната игра „Kiss cam“, се појави ликот на претседател. Тоа значеше дека штом него го зумираа камерите, мора да ја бакне поубавата половина. Науседа без размислување тргна кон сопругата и ја бакна, исполнувајќи ја задачата, за што доби аплаузи од фановите.
https://twitter.com/i/status/1633914892410396675