Еурофарм Пелистер има убедлива предност од 22:13 по првото полувреме против Вардар во ракоетното дербито кое се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Пелистерци одиграа фантастично прво полувреме, а покрај резултатската позитива, на полувремето се случи еден убав потег од страна на домашните навивачи.
Стотици плишани мечиња беа фрлени на паркетот и тоа само со една цел.
Битолчани решија да донесат дополнителна детска насмевка за предновогодишните празници, а плишаните мечиња ќе бидат за дечињата од ранливите категории.